Економија

Унгарија почнува со изградба на нуклеарната централа Пакш 2

Подготвителните работи за новата нуклеарна централа Пакш 2 во Унгарија започнаа пред две години, а со истурањето на првиот бетон официјално се означи почетокот на изградбата на петтиот реактор на новата нуклеарна централа.

Пакш 2 ќе има два нови реактори, двата со моќност од 1200 мегавати. Пакш 2 го гради глобалниот и руски нуклеарен гигант Росатом на принципот „клуч на рака“.

Нуклеарната централа Пакш веќе има четири реактори со вкупна моќност од 2.000 мегавати, кои исто така се направени со руска технологија. Уделот на нуклеарната енергија во енергетскиот микс на Унгарија сега надминува 36 проценти, а  кога ќе биде завршена нуклеарната централа Пакш 2, тој удел ќе се удвои.

Работниот век на реакторот е 60 години со можност за продолжување за уште 20 години.

Со поголем удел на нуклеарна енергија, Унгарија ќе може да ја намали потрошувачката на гас за 40 проценти, а годишните емисии на јаглерод диоксид за една третина, пишува Б92.


 

Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО