Финансии / Банкарство

Стопанска банка - АД Скопје лани оствари добивка од 54,1 милиони евра

Стопанска банка - АД Скопје во текот на 2025 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката пред оданочување и исправка на вредност изнесува 5.195.430 илјади денари, што е 2 % помалку споредено со претходната година. Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.491.716 илјади денари, што е за 27 % повеќе споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења.

Со тоа, добивката на Банката по оданочување на 31.12.2025 година изнесува 3.330.947 илјади денари (54,1 милиони евра). Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано