Бизнис
ГЕРМАНСКИТЕ АВТОМОБИЛИ СТАНУВААТ ПОДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЧИТЕ ВО ИНДИЈА
28.01.2026
Германските автомобили се статусен симбол за 1,45 милијарди Индијци. Затоа германските производители едвај чекаа трговски договор со Индија и драстично пониски царини.
Во изминатите години, Индија постигна импресивен економски раст од просечно шест до седум проценти годишно, пишува Дојче Веле (DW).
Во Индија има сè побројна средна класа и млада популација која станува сè побогата. „Затоа, новиот договор за слободна трговија со ЕУ е секако можност за германската автомобилска индустрија да отвори нов пристап до пазарот“, вели економскиот консултант Константин Гал.
Царинските давачки за автоделови треба целосно да се укинат по пет до десет години. Франк Швопе од Универзитетот за менаџмент во Келн смета дека ова е важна основа за германските производители на автомобили кога станува збор за отворање нови пазари и наоѓање нови клиенти.
„Во Индија се потребни теренски возила, како и поробусни автомобили, бидејќи патиштата во Индија се далеку од европските стандарди“, рече Швопе, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис