Бизнис

Вештачката интелигенција, кратките формати и кризното управување ги менуваат комуникациите

Технолошкиот напредок, вештачката интелигенција и променетите навики на публиката сè повеќе го редефинираат начинот на кој се пренесуваат пораките, велат од Чептер 4 Македонија. Според Стојчевски, денес секој може да биде извор на информација, но вистинскиот предизвик е таа да биде квалитетна, структурирана и насочена кон вистинската публика.

Кратките и визуелни формати стануваат доминантни, додека долгиот пишан текст постепено го губи вниманието кај помладите генерации. Истовремено, алатките базирани на вештачка интелигенција овозможуваат побрза комуникација и совладување јазични бариери, но го зголемуваат и ризикот од дезинформации.

Живковиќ посочува дека затоа компаниите сè повеќе вложуваат во стратешки пристап кон комуникациите, со фокус на аналитика, дигитални канали и проактивно управување со кризите. Во тој контекст, Чептер 4 Македонија го засилува производството на видео и фотосодржини и развива комуникациски модели кои вклучуваат превентивни мерки за заштита на репутацијата.

Целта, како што истакнуваат од компанијата, е создавање комуникации што не се сведуваат само на пораки, туку носат мерливо влијание и долгорочна вредност за брендовите и за заедницата.


Целото интервју со тимот на Чептер 4 Македонија прочитајте го на ЛИНКОТ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано