Бизнис
СРБИЈА СЕ ВРАЌА НА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА, првата нуклеарка до 2042 година
23.01.2026
Србија планира да ги поврзе првите 250 мегавати од нуклеарен капацитет на електричната мрежа до 2042 година, а вкупно 1.200 мегавати до 2050 година, според извештајот на Светската нуклеарна асоцијација (WNA) презентиран на Светскиот економски форум во Давос.
За Србија, според проценката на Светската нуклеарна асоцијација, ова би значело изградба на еден мал модуларен реактор до 2042 година.
Извештајот покажува дека глобалниот нуклеарен капацитет би можел да достигне 1.446 гигавати до 2050 година, што е далеку над целта од 1.200 гигавати поставена на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP28).
Постигнувањето на таа цел бара стапка на изградба што е приближно двојно поголема од највисоката вредност од 1980-тите.
Во 2024 година, Владата на Србија го укина триесет и петгодишниот мораториум за производство на нуклеарна енергија, воведен по катастрофата во Чернобил во 1986 година, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис