Економија
Албанската Влада очекува просечен раст на економијата од 4 отсто
23.01.2026
Албанската влада ја објави економската програма за 2026-2028 година, во која предвидува јавниот долг во однос на БДП да продолжи да се намалува.
Во програмата се предвидува јавниот долг од 54,1 отсто од БДП во 2025 година, да се намали на околу 53,6 проценти во 2026 година. Исто така се очекува јавниот долг да се намали на околу 52,2 проценти во 2027 година и понатаму на околу 46,4 проценти до 2031 година.
Во исто време, покрај фискалната консолидација, целта е да се одржи здрав сооднос на буџетските расходи и јавните инвестиции, кои се насочени да бидат над 6 проценти од БДП во секоја буџетска година. Туристичкиот сектор се чини дека останува еден од главните двигатели на економскиот раст во Албанија.
-Во програмата за економски реформи за 2026-2028 година се нагласува дека економскиот раст ќе биде предводен од секторите услуги и градежништво, потврдувајќи го придонесот на туризмот во албанската економија. Во текот на следните две години, се очекува економскиот раст да продолжи со просечна стапка на раст од 4,0%, објавија албанските медиуми.
Исто така се очекува услугите да достигнат просечна годишна стапка на раст од 5,4 проценти во истиот период, со просечен придонес од 2,7 процентни поени годишно. Следно е градежништвото, а потоа индустријата. Се очекува влијанието на земјоделскиот сектор врз економијата да остане минимално во наредните години.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис