Бизнис
Апликацијата TelekomMK е првата инклузивна комерцијална апликација
21.01.2026г
Македонски Телеком ја претстави новата верзија на апликацијата Телеком МК со нов, модерен и прегледен дизајн и едноставен пристап за сите.
Апликацијата е дизајнирана да овозможи поедноставно, побрзо и поинтуитивно корисничко искуство и за лицата со попреченост. Во оваа насока направени се повеќе промени: текстот е поголем и поконтрастен, сите елементи се приспособени за гласовно читање (voice-over), а со апликацијата којашто ги поддржува сите алатки за асистивна технологија може да се управува и преку тастатура. На овој начин дигиталните услуги стануваат полесно достапни за корисниците со намален вид, слух или со физичка попреченост, а со тоа апликацијата TelekomMK станува првата инклузивна комерцијална апликација во Македонија.
Новиот дизајн на апликацијата нуди подобрена навигација за лесен и брз пристап до содржините и поедноставно управување со услугите и сметките. Услугите се поделени во три дела: мобилна телефонија, интернет и телевизија. Копчето за плаќање сметки е преместено директно под листата на услуги, со што се поедноставува пристапот до најважните информации. Корисниците коишто се дел од групата Magenta 1 лесно ќе ги најдат своите поволности во горниот десен агол, веднаш до нивниот профил.
Со редизајнирањето на апликацијата, Телеком сака да го олесни пристапот до своите услуги дури и за оние коишто претходно имале потешкотии да пристапат до нив. Крајната цел е дигиталните услуги да бидат пристапни и разбирливи за сите.
Корисниците можат да ја преземат или да ја ажурираат својата апликација TelekomMK со најновата верзија преку Google Play или App Store, од денес, 20 јануари 2026 година.