Економија

ВИСОК РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА И АЛКОХОЛОТ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во периодот декември 2025 – декември 2024 храната во угостителските објекти поскапела за 7,8 отсто, а на алкохолните пијалоци за 8,7 отсто. Во истиот набљудуван период ноќевањата се поевтини за 12,1 отсто.

Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги  се зголемени за 4.8  проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано