Економија
ДРЖАВНАТА КАСА НА ГРЕНЛАНД НА КРИТИЧНО НИСКО НИВО, најнова проценка на Национална банка на Данска
08.01.2026
Економијата на Гренланд се соочува со забавување на економскиот раст и влошување на јавните финансии, предупреди Национална банка на Данска во нова проценка на економските трендови во овој автономен регион во рамките на Кралството Данска.
Според извештајот, економскиот раст е скромен, додека јавните финансии се соочуваат со сериозни предизвици, делумно затоа што проширувањето на аеродромската инфраструктура завршува, а планираните големи проекти во енергетскиот и другите сектори сè уште не се започнати.
Централната банка на Данска наведува дека состојбата на јавните финансии на Гренланд значително се влошила во текот на 2025 година, додека ликвидноста на државната каса на Гренланд паднала на критично ниско ниво во втората половина од годината.
Поради оваа причина, се проценува дека е потребно да се применат мерките за штедење предвидени во данскиот буџет за 2026 година.
Данската национална банка предупредува дека фискалните притисоци ќе продолжат, бидејќи населението на Гренланд, кое моментално има помалку од 57.000 луѓе, старее и се намалува, со што се намалува бројот на луѓе на работоспособна возраст.
Се предвидува дека населението на Гренланд ќе се намали за 20 проценти до 2050 година, според проценките на Данската национална банка, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис