Економија
ЕКСКЛУЗИВНО за ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС | Христијан Мицкоски: Очекувања за 2026 година
Што очекувате од 2026г.
02.01.2025г
Ќе градиме држава што обезбедува сигурност, инфраструктура што поттикнува развој и институции што ја зацврстуваат довербата
Очекувам резултати што ќе покажат дека Македонија е подготвена за повисок развоен исчекор и за позиционирање како стабилен и доверлив економски партнер. Ќе продолжиме со силно темпо на реформите и со градење цврсти темели на модерна, реформска државност, со институции што создаваат доверба и обезбедуваат јасни правила за сите. Во 2026 година, целта ни е да продолжиме да воспоставуваме стабилна и предвидлива економска средина, а граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од економскиот раст. Ќе продолжиме со динамична реализација на капиталните инвестиции, особено во патната, во железничката и во енергетската инфраструктура затоа што тие се клучни за повисока продуктивност, за подобра конкурентност и за поврзаност. Истовремено ќе ја забрзаме дигиталната трансформација на јавниот сектор со цел поефикасни услуги и повисока транспарентност. Претстојната 2026 година очекувам резултатите да ја потврдат нашата ориентација кон економија која е базирана на иновации и на нова вредност, со засилена поддршка за домашните и за странските инвеститори. Ќе градиме држава што обезбедува сигурност, инфраструктура што поттикнува развој и институции што ја зацврстуваат довербата. Нашата визија за Македонија е држава која е подготвена за следниот развоен исчекор и јасно е позиционирана како стабилен партнер.