Вести

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, откако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен.

Ѓорѓиевски во информацијата што ја сподели во објава на својот Фејсбук профил ги повикува скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

-Нема толеранција за никого - изречени се казни на загадувачите во Скопје. Почитувани скопјани, Изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот. Според податоците од државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг и состојбата бараше итна и решителна реакција. Како градоначалник на Скопје, но пред сè како човек кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух како и сите вас, немав право да молчам и да не постапам. Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица - загадувачи и јасно покажа дека законот важи за сите, напиша Ѓорѓиевски. 

Градоначалникот најавува дека нема да застанат тука и оти ќе продолжуваат поинтензивно и поодлучно.

Ѓорѓиевски во објавата нагласува дека борбата за почист воздух е заедничка и апелира до сите граѓани на Скопје да се придржуваат и да ги почитуваат препораките и мерките, објави МИА.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано