Вести

АЖУРИРАНА СОСТОЈБА НА МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ: Авиосообраќајот се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8 лета во пристигнување и заминување, а пренасочен е 1 лет

Од  20:00 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна:

Откажани се следниве 3 лета во пристигнување:

  • Белград, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205)

Пренасочен е 1 лет во пристигнување:

  • Франкфурт-Хан

Откажани се следниве 5 лета во заминување:

  • Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205) 

Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје за погоре наведениот период (од  20:00 часот, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска).

Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат.

Дополнително, ја известуваме јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај.

Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците.

Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што ни стигнуваат од авиокомпаниите.

Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано