Економија

Индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст е централна тема на следниот Копаоник бизнис форум

Сојузот на српски економисти денес објави дека ќе го организира традиционалниот Копаоник бизнис форум од 1 до 4 март следната година, а централна тема на тој собир ќе биде индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст на Србија.

„Како платформа што ги поврзува економијата, носителите на одлуки и стручната јавност, 33-от Копаоник бизнис форум ја разгледува улогата на индустриската политика од неколку комплементарни и меѓусебно поврзани агли. Преку конкретни примери и стратешки дискусии, форумот отвора простор за обликување политики што ја поттикнуваат конкурентноста, инвестициите и одржливиот раст на српската економија“, се наведува во соопштението.

Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на индустриската политика во зајакнувањето на отпорноста на економијата и нејзиното прилагодување кон глобалните технолошки и пазарни промени.

Копаоник бизнис форумот ги собира претставниците на Владата на Србија и Народната банка на Србија, лидерите на домашната и меѓународната економија, финансискиот сектор, академската заедница, како и истакнати светски експерти, кои ќе зборуваат за актуелните глобални и регионални економски трендови и предизвици, пренесува Данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано