Економија
Хрватска следната година пристапува кон ОЕЦД
09.12.2025
Хрватска е во последната фаза од пристапувањето кон Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и треба да стане нејзин член следната година, објави премиерот Андреј Пленковиќ во вторник на социјалната платформа X.
„Хрватска е во последната фаза од пристапувањето. Ги исполнивме условите во 20 од 25 комитети и во 25 од 26 поткомитети. Направивме одлично реформско патување и верувам дека успешно ќе го завршиме целиот процес следната година“, објави Пленковиќ по средбата со шефот на ОЕЦД, Матијас Корман, во Париз.
Пленковиќ додаде дека е во сила новиот закон за правни лица во сопственост на Република Хрватска, кој е донесен со цел професионализација и поефикасно работење на државните компании.
Тој рече дека хрватската делегација разговарала со Корман за позитивните економски трендови во Хрватска, чиј БДП расте веќе 19 квартали по ред, и дека во буџетот за следната година се очекува буџетскиот дефицит да се задржи под три проценти од БДП и да се намали учеството на јавниот долг во БДП на 56 проценти, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис