Економија
Економист: Која економија беше најдобра во 2025 година?
09.12.2025г
Можеше да биде многу полошо. Во април, кога претседателот Доналд Трамп ја започна трговската војна, инвеститорите и многу економисти се подготвуваа за остра глобална рецесија. На крајот, глобалниот БДП веројатно ќе порасне за околу 3 отсто оваа година, исто како и лани.
Невработеноста останува ниска речиси насекаде. Берзите забележаа уште една година со солидни добивки. Единствената вистинска грижа е инфлацијата. Во земјите од ОЕЦД таа сè уште е над целта од 2% што ја поставуваат централните банки.
Оваа збирно постигнување крие големи разлики. Затоа, по петти пат по ред, Економист (The Economist) ја бара „економијата на годината“.
Собраре податоци за пет показатели — инфлација, „ширина на инфлацијата“, БДП, вработување и перформанси на берзата — за 36 претежно богати земји. Ги рангиравме според тоа колку добро поминале на секој показател, создавајќи вкупен резултат за економскиот успех во 2025 година.
Уште една добра економска вест за јужна Европа. По минатогодишната победа на Шпанија, овој пат на првото место е Португалија. Во 2025 година таа комбинираше силен раст на БДП, ниска инфлација и растечка берза. Други членки на еврозоната што се мачеа во 2010-тите, вклучувајќи ги Грција (најголемиот победник во 2022 и 2023) и Шпанија, исто така се близу до врвот. Израел продолжи со силното закрепнување од хаосот во 2023 година. Ирска само за малку го пропушти првото место.
Оние кои заостануваат, пак, се главно од Северна Европа. На дното се туркаат Естонија, Финска и Словачка. Германија постигнува малку подобри резултати од претходните години, но сѐ уште не е добра. Истото важи и за Британија. Франција, и покрај својот политички хаос, постигнува прилично добри резултати. Преку Атлантикот, САД се рангира само во средината — и минува полошо од Италија. Нејзиниот пазар на труд е силен, но не спектакуларен. Релативно високата инфлација го повлекува надолу целокупниот резултат на САД.
Всушност, нашиот прв показател е базичната инфлација (core inflation), која ги исклучува цените на храната и енергијата бидејќи тие се нестабилни. Една земја постигнува подобар резултат на нашето рангирање колку што нејзината годишна стапка е поблиску до 2%, што е типична цел за централните банкари. Инфлацијата во Турција е сѐ уште милји надвор од она што се среќава насекаде на друго место, поради лудата економска политика на нејзиниот претседател, Реџеп Тајип Ердоган. Естонија е втора најлоша, со основна инфлација од речиси 7% во третиот квартал на 2025 година, бидејќи сѐ уште се опоравува од огромниот енергетски шок од 2022 година. Многу други земји имаат свои сопствени потешкотии. Основната стапка на инфлација во Британија е пониска отколку што беше во овој период лани. Но, со 4%, таа е сѐ уште далеку над нивото каде што би сакала да биде Банката на Англија.
Во некои земји основната инфлација е премногу ниска. Тука спаѓа и Шведска, каде што таа е речиси непостоечка. За многу домаќинства, кои се уморни по четири години нагло растечки цени, тоа можеби звучи прекрасно. Сепак, во такво сценарио економистите се загрижени за дефлација, која го обесхрабрува трошењето и го зголемува реалниот должнички товар. Подобро е да се има малку инфлација отколку воопшто да ја нема. Група други земји, вклучувајќи ги Финска и Швајцарија, имаат слично анемични податоци (читања). Јапонија има повисока инфлација отколку во 2010-тите, но ништо слично на прегревањето забележано на друго место.
„Ширината на инфлацијата“ (Inflation breadth) раскажува слична приказна. Таа го следи уделот на артикли во потрошувачката кошничка каде што цените растат за повеќе од 2% годишно. Во некои земји таа скокна, вклучувајќи ја и Америка, можеби како резултат на агресивната фискална политика. Дури и денес, цената на повеќе од 85% од артиклите во потрошувачките кошнички на Австралијците расте за повеќе од 2% годишно.
Што е со растот и работните места — другите работи за кои гласачите длабоко се грижат? Тука, Португалија се истакнува. Туризмот доживеа бум, додека многу богати странци се преселуваат во земјата за да ги искористат ниските даночни стапки. Растот на БДП е далеку над европскиот просек. Чешката Република и Колумбија бележат пристојни зголемувања и на производството и на вработеноста, туркајќи ги во горната третина од нашето рангирање. Наспроти тоа, Јужна Кореја губи работни места. Норвешка, која е во голема мера изложена на суровини и бродски превоз, се бореше со забавувањето на глобалната трговија.
Во третото тромесечје оваа година Ирска забележа годишен раст на БДП од над 12% — што е спектакуларно, но и погрешно. Многуте големи мултинационални компании што ги евидентираат профитите во Ирска ги искривуваат националните сметки на земјата. Ирските економисти преферираат да ја користат „модифицираната вкупна домашна побарувачка“, што ја објавува националниот завод за статистика и ги отстранува повеќето од овие искривувања, па ние го користевме истиот показател.
Берзите го заокружуваат нашиот преглед. Можно е да очекувате американските акции да бидат убедливи победници. Мешутоа, добивките на цените на акциите се само солидни. Нивните високи нивоа главно ја одразуваат успешноста од претходните години. Франција е слично просечна, при што акциите на нејзината највредна компанија, LVMH, стагнираат. Во однос на овој показател никој не е полош од Данска. Во изминатата година цената на акциите на Ново Нордиск, производителот на Оземпик (Ozempic), падна за 60%, откако компанијата ја загуби водечката позиција на пазарот на лекови за слабеење.
За одлични приноси од берзата, погледнете на друго место. Иако чешките и јужнокорејските фирми добро се снаоѓаа во 2025 година, никаде не се снаоѓа подобро (во однос на локалната валута) од Израел. Во изминатата година, цената на акциите на највредната котирана компанија во земјата, Банка Леуми, се зголеми за околу 70 отсто. Португалските инвеститори исто така се снаоѓаа добро, при што берзата порасна за повеќе од 20 отсто во 2025 година. Може да има уште повеќе во иднина. Според нашите пресметки, берзата на земјата што ја номинираме за „економија на годината“ се зголемува во просек за 20 отсто во следната година. Ние не даваме инвестициски совети, но…ссм/
фото: freepik