Економија
ИНФЛАЦИЈАТА НЕОЧЕКУВАНО СЕ „ЗАБРЗА“ ВО ЕВРОЗОНАТА
03.12.2025
Инфлацијата неочекувано се забрза во Еврозоната, според прелиминарните ноемвриски податоци на Евростат.
Цените на мало скокнаа за 2,2 проценти на годишно ниво, по 2,1 процент во октомври.
Европската централна банка (ЕЦБ), која цели годишна стапка на инфлација од два проценти, ќе одлучи за евентуална промена на основните каматни стапки на 18 декември. Основната инфлација, која не ги вклучува цени на енергијата и храната, остана, како што се очекуваше, на 2,4 проценти.
ЕЦБ не ги промени своите клучни каматни стапки, кои можат да влијаат на инфлацијата. Повисоката каматна стапка ја лади потрошувачката, а со тоа и цените, и обратно. Клучната каматна стапка, која ЕЦБ им ја наплаќа на комерцијалните банки за депозити преку ноќ, сега е два проценти. Засега не се очекува промена ниту во декември.
Економистите очекуваат интензивирање на шпекулациите за ново намалување на каматните стапки од 2026 година, под услов стапката на инфлација да се спушти под два проценти на краток рок, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис