Економија

ПО ДВОМЕСЕЧНА ПАУЗА ЕУ И САД ГИ ПРОДОЛЖУВААТ ТРГОВСКИТЕ РАЗГОВОРИ, на дневен ред се царините од 50 проценти за челик и алуминиум

Европската Унија и Соединетите Американски Држави треба да ги продолжат трговските разговори следната недела, по двомесечна пауза, за да се обидат да ги решат нерешените прашања во договорот за царини постигнат во јули.

Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, и трговскиот претставник Џејмисон Грир, ќе одржат состаноци на високо ниво во Брисел во понеделник со министри, комесари на ЕУ и претставници на индустријата.

„Мора да останеме фокусирани, не сакаме поединечните земји да бараат посебни договори за ова или она прашање“, изјави неименуваниот извор.

Брисел постигна договор со американскиот претседател Доналд Трамп во јули за да ја избегне неговата закана за царини од 50 проценти, кога се согласија за основна стапка од 15 проценти за поголемиот дел од увозот на производи од ЕУ во САД.

Сега претставниците на Вашингтон јасно го искажаа своето незадоволство од бавното спроведување на договорот од страна на ЕУ, кој не е правно обврзувачки и мора да биде одобрен од парламентот, што би можело да потрае до февруари.

Меѓу главните отворени прашања што се очекуваат на разговорите во понеделник се царините од 50 проценти што сè уште се во сила за челик и алуминиум, посебните царини за производи што содржат челик и давачките за храна и пијалоци.

Неколку членови сакаат да го укинат данокот од 15 проценти за вино и жестоки пијалоци, вклучувајќи ја Франција, која е погодена од царини за коњак, Ирска за виски и сите земји производители на вино.

ЕУ и САД, исто така, ќе разговараат за можноста за хармонизација за заштита на домашната индустрија за челик од поевтин кинески увоз, пренесува Еуроњуз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано