Економија

Финска, Франција и Австрија се лидери во социјалните трошоци во ЕУ, која земја е на дното?

Европа има еден од најсилните социјални системи во светот: од пензии и здравствена заштита, до надоместоци за невработеност и социјално домување.  Според најновите податоци на Евростат, сите земји од ЕУ ги зголемија средствата за социјална заштита во 2024 година, за вкупно  7%. Вкупната „социјална сметка“ на ЕУ сега изнесува речиси 5 милијарди евра, додека просечните средства достигнуваат 27% од БДП, се наведува во анализата на Euronews Business/Investor.

Финска, Франција и Австрија трошат околу 32% од БДП за социјални бенефиции, кои се највисоки во ЕУ. Ирска е последна со само 12% од БДП. Оваа земја троши помалку дури и од земјите надвор од ЕУ, како што се Босна и Херцеговина (20%) и Србија (18%). Експертите објаснуваат дека  Ирска има младо население, па трошоците за пензии, долгорочна нега и здравствена заштита за стари лица се значително пониски.

Во трансферите во здравство Германија инвестира најмногу односно 9,9% од БДП

Следат Франција и Холандија (9,5%)

За социјалните трансфери за невработеност Франција е прва со 1,75% од БДП, а за социјални станови Финска води со 0,99% од БДП.

Во Евробарометарот за 2025 година, дури 40% од граѓаните на ЕУ изјавиле дека недостатокот на достапни станови е нивниот најитен проблем - дури 51% кај жителите на големите градови.

Помалку развиените земји во ЕУ значително ги забрзуваат алокациите, а најголем раст раст во 2024 година имаат: Естонија +20%,  Хрватска +18% и Романија +17,5%.

Најбавен раст на социјалните трошоци во ЕУ забележаа: Грција (+3,2%), Шведска (+3,9%), Италија и Данска (+4,3%), пренесува Бизнис и финансии.


 

 Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО