Економија

Цените во земјоделството зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот.

Во делот инпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.5 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.9 %.

Во делот аутпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 3.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 3.7 %.

Главни поенти
Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се промениле за:

-3.2 % кај растителното производство
+3.7 % кај добиточното производство
кај аутпутот

+1.5 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
+4.9 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано