Економија

Институциите – клучот за економски развој

Економскиот развој не зависи само од штедењето, инвестициите и технологијата, туку пред сè од квалитетот на институциите, укажуваат современите економисти. Добрата институционална рамка – со владеење на правото, ниски даноци, ефикасна администрација и слободен пазар – создава поттик за раст, додека корупцијата, бирократијата и монополите го кочат напредокот.
Примерите на Северна и Јужна Кореја, како и на Источна и Западна Германија, јасно покажуваат дека разликите во институциите водат до огромни разлики во развиеноста. Македонија, според професорот Петревски, сè уште припаѓа на групата земји со неефикасни институции, а излезот е во создавање систем што ќе го наградува трудот, знаењето и конкуренцијата – процес кој бара долга и упорна борба.


 

Целата колумна од печатеното издание прочитајте ја на следниот ЛИНК

ПРЕПОРАЧАНО