Бизнис 
                            
                            
                                ПОМАЛКУ ВРАБОТЕНИ ВО СРБИЈА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ
                            
                                
                                
                            
                            30.10.2025
                            
                            
                             
                            
                            Во третиот квартал од оваа година, во Србија имало 2.365.745 вработени, што е за 4.358, или 0,2 проценти помалку во однос на претходниот квартал, објави денес Републичкиот завод за статистика.
Од вкупниот број вработени, 1.893.202 се во правни лица, 427.580 се претприемачи, лица вработени кај нив и лица кои самостојно вршат дејност, а 44.963 се регистрирани индивидуални земјоделци.
Во јавниот сектор се вработени 610.015 лица, што е за 0,3 проценти помалку во однос на вториот квартал од оваа година.
Во третиот квартал од оваа година, во споредба со третиот квартал од 2024 година, вкупниот број на вработени е зголемен за 73, при што бројот на вработени кај правните лица е намален за 3.098, или 0,2 проценти, бројот на претприемачи, нивните вработени и самовработени лица е зголемен за 7.127, што е 1,7 проценти, додека бројот на регистрирани индивидуални земјоделци е намален за 3.956, што е 8,1 процент, објави Дневник.
 
Фото Економија и бизнис