Економија
Кина воведува реципрочни мерки за ЕУ за купување медицинска опрема
06.07.2025
Кина од денеска воведе реципрочни мерки за компаниите од Европската Унија (ЕУ) по претходната забрана за учество на кинеските компании во големи јавни тендери за медицинска опрема во ЕУ.
Кинеското Министерство за финансии во соопштението наведе дека компаниите од Европската Унија, со исклучок на „оние со европски капитал со седиште во Кина, ќе мора да бидат исклучени“ од нарачки во вредност од над 45 милиони јуани (6,3 милиони долари).
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатата недела го посети седиштето на ЕУ, како и Франција и Германија, во обид да ги подобри односите со блокот од 27 члена и поради огромниот трговски дефицит од 357,1 милијарди долари меѓу Кина и ЕУ.
Кинеската забрана, која стапува на сила на 6 јули, опфаќа широк спектар на производи, од протетски помагала и делови до медицински машини и хируршки инструменти.
Во јуни, Европската комисија одлучи да ги исклучи кинеските компании од договорите за јавни набавки на ЕУ за медицински помагала во вредност од над пет милиони евра (5,8 милиони долари).
Според Брисел, нешто помалку од 90 проценти од договорите за јавни набавки на медицински помагала во Кина „биле предмет на исклучувачки и дискриминаторски мерки“ против компаниите од ЕУ, објави РСЕ.
фото freepic