Економија

Трамп потпишал писма за тарифите до 12 земји, а понудите се „земи или остави“!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека потпишал писма до 12 земји во кои се наведени различните нивоа на тарифи со кои ќе се соочат за стоките што ги извезуваат во Соединетите Држави, а понудите „земи или остави“ ќе бидат испратени во понеделник.

Трамп одби да ги именува вклучените земји, велејќи дека тоа ќе биде објавено во понеделник.

Американскиот претседател во април објави дека ќе примени основна царинска стапка од 10% и дополнителни износи за повеќето земји, за некои  и до 50%. Примената на новите царини беше одложена до 9 јули.

Единствените трговски договори што САД ги постигна досега се со Велика Британија, која во мај се согласи да ја задржи стапката од 10% и доби преференцијален третман за некои сектори, вклучувајќи ги автомобилите и моторите на авиони. Како и со Виетнам, со што се намалија царините за многу виетнамски производи на 20% од претходно закажаните 46%. На многу американски производи ќе им биде дозволено да влегуваат во Виетнам без царина, пренесува Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано