Lifestyle

Два града од Македонија се најдоа на листата на „најпристапни европски места за семеен одмор“

Два града од Македонија се најдоа на листата на десетте најпристапни европски градови за семеен одмор, што ја направи списанието Conde Nast Traveler. Изборот е направен врз основа на трошоците за сместување, изнајмување автомобили и билети за разни атракции, како и временските услови за престој на европските семејства.

На листата на градови за најдобар семеен одмор се најде Загреб, кој е на осмо место, благодарение на пријатната топла клима и прифатливите цени за бројни погодности. Иако просечната цена за ноќевање во хотел е малку повисока, околу 145 евра, овој град нуди многу бесплатни или евтини настани, културни настани и зелени површини кои се идеални за прошетка и релаксација со деца, пренесува Дневно.хр.

Следните градови на листата на најпристапни европски градови за семејни патувања се  Темишвар во Романија, познат по своите шарени фасади и пространи паркови, е идеален за семејства со мали деца кои сакаат да бидат во природа. Од Македонија е Куманово, кој „нуди автентично балканско искуство преку богата историја, традиционална култура и многу прифатливи цени за храна и сместување“. Битола, исто така, е препознаен како „културен центар со бројни историски места и уметничка сцена во опуштена атмосфера“.

Балти, третиот по големина град во Молдавија, нуди мир и природа преку бројни паркови, што го прави совршен за потивок одмор. Варшава, Полска, комбинира богата историја со модерни музеи и зелени површини, нудејќи активности кои се забавни и едукативни за сите генерации.

Будимпешта, главниот град на Унгарија, останува прифатлив за семејствата и е познат по своите термални бањи, прекрасна архитектура и разни културни настани. Мадрид, Шпанија, нуди совршена мешавина од уметност, историја и гастрономија, а бројни атракции и паркови се наменети за деца и семејства.

Атина, Грција комбинира богато античко наследство со жива медитеранска атмосфера, а воедно нуди прифатливи цени за различни семејни активности.

Софија во Бугарија привлекува со својата интересна историја, ниски цени и бројни паркови, што го прави погоден за семејни прошетки и истражување, пренесува Блиц.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано