Општество
Бесплатни проекции во кина и онлајн на филмови на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион
14.01.2026
Зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, при што публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови - во кина и онлајн.
Публиката од земјите-членки на Мрежата ќе има можност да гледа шест наградувани регионални филмови: „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „Fiume o morte!“ Игор Безиновиќ, „После летото“ од Данис Тановиќ, „Мајка Мара“ од Мирјана Карановиќ, „Живи и здрави“ од Иван Мариновиќ и „Планета 7693“ од Гојко Бекуљан.
Програмата почнува на 22 јануари со бесплатни кино проекции во Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Херцег Нови и во Скопје, додека сите филмови ќе бидат достапни онлајн од 23 јануари преку платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba.
Зимското издание се реализира како заеднички проект на водечките филмски фестивали во регионот - Фестивалот на оригинален филм во Белград, Филмскиот фестивал во Сараево, Меѓународниот филмски фестивал во Љубљана, Филмскиот фестивал во Загреб, Филмскиот фестивал во Херцег Нови и фестивалот „Браќа Манаки“ од Северна Македонија.
Тоа е четврто зимско издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион, организирано со цел поголема видливост, достапност и промоција на квалитетна современа регионална кинематографија.
Програмата на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион се спроведува со поддршка на потпрограмата МЕДИА од програмата „Креативна Европа“.
Извор/фото МИА