Економија
Нови закани од Трамп до Европската Унија, неколку дена пред истекот на „паузата“ за американските царини
05.07.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 17 отсто за прехранбени и земјоделски производи од Европа за време на разговорите кои деновиве се водат во Вашингтон, пишува Гардијан.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчович го добил предупредувањето во четврток кога се сретнал со американскиот секретар за финансии Скот Бесант, трговскиот претставник Џејмисон Грир и секретарот за трговија Хауард Лутник.
Амбасадорите на ЕУ беа информирани за заканата во петок, објави претходно Фајненшл тајмс.
ЕУ останува оптимист за постигнување политички договор на високо ниво, но заканата сугерира дека САД сè уште заземаат агресивен преговарачки став за да извлечат висока цена од ЕУ, која Трамп ја опиша како „полоша“ од Кина во трговијата.
Трамп рече дека ќе испрати писма до околу десетина земји за да ги информира дека ќе воведе трајни царини до 70 отсто по 9 јули.
Трговскиот портпарол на ЕУ, Олоф Гил, во петокот вечерта изјави дека приоритет на ЕУ е сè уште да „преферира договорено решение“.
Но, ЕУ, исто така, јасно стави до знаење дека е подготвена за можна трговска војна со реципрочни царини за американскиот бурбон до Боинг 747, ако Трамп се повлече пред среда.
ЕУ, исто така, бара итно укинување на царините за клучните сектори како дел од таа рамка, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија, која моментално се соочува со царина од 27,5%, во споредба со 2,5% пред Трамп да ја започне својата трговска агресија.
Паузата од 90 дена за воведувањето на царините на Трамп завршува во среда за повеќе од 60 земји, пренесува Н1.
фото freepic