Економија

Конечно е откриена причината за големиот колапс на електричната мрежа во Шпанија

Масивниот прекин на електричната енергија што ја погоди Шпанија во април беше предизвикан од пренапон на електричната енергија што предизвика верижна реакција, според извештајот на шпанската влада.

Шпанската министерка за еколошка транзиција, Сара Агесен, објасни дека системот тој ден „немал доволен капацитет за контрола на напонот“, пренесува  француската новинска агенција АФП.

Според АФП, пренапон на електричната енергија се случува кога електричниот напон во мрежата е превисок, преоптоварувајќи ја опремата. Во случај на пренапон, системите за заштита ги исклучуваат делови од мрежата, што може да доведе до големи прекини на електричната енергија.

Во изјава за медиумите по состанокот на кабинетот, Агесен ја истакна улогата на шпанскиот оператор на електричната мрежа REE и некои енергетски компании, за кои рече дека ги затвориле своите постројки „несоодветно... за да ја заштитат својата опрема“.

Исто така, посочи на недоволниот капацитет за контрола на напонот во системот тој ден, е делумно поради грешка во софтверот. Таа нагласи дека шпанската мрежа е теоретски доволно робусна за да се справи со такви услови.

На крајот на април, Шпанија, Португалија и мал дел од Франција беа погодени од масовно исклучување од електричната мрежа.  

По прекинот на електричната енергија, низ јавноста кружеа неколку теории, вклучувајќи ја и онаа дека прекинот на електричната енергија е последица на сајбер напад или високо ниво на употреба на обновливи извори на енергија, пренесува Сеебиз.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано