Економија
Романија со најголемо зголемување на трошоците на трудот во ЕУ
17.06.2025
Во земјите од еврозоната, во првиот квартал годинава, трошоците за труд по час се зголемија за 3,4 проценти, додека во Европската Унија се зголемија за 4,1 процент во споредба со истиот период минатата година, објави Евростат.
Во Европската Унија, во истиот период, трошоците за плати и надоместоци по час се зголемија за 4,2 проценти, додека другите трошоци се зголемија за 3,8 проценти.
Трошоците за труд по час во еврозоната се зголемија за 2,5 проценти главно во јавниот сектор и за 3,8 проценти во деловната економија, додека трошоците во индустријата се зголемија за 2,5 проценти, во градежништвото за 4,7 проценти и во услужните дејности за 4,3 проценти.
Најголемо зголемување на номиналните трошоци за труд по час од 16,1 проценти е забележано во Романија.
Следува Хрватска со зголемување на номиналните трошоци за труд по час во периодот од јануари до март за 13,6 проценти. Во Бугарија има зголемување на трошоците за труд од 12,4 проценти.
Двоцифрен раст на трошоците за труд е забележан во првиот квартал од Словенија и Полска, за 11,8 и 11,2 проценти, соодветно.
Најмало заголемување на номиналните трошоци за труд има во Малта, за 1,2 проценти и Франција со два процента, пренесува Н1.
фото freepic