Економија
„Нашиот договор со Кина е готов“, објави Доналд Трамп на својата социјална мрежа
11.06.2025
„Нашиот договор со Кина е готов, уште треба да биде одобрен од мене и од претседателот Шји. Во рамките на него, Кина ќе ги обезбеди сите потребни ретки метали и магнети“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, пренесува Н1.
Исто така, САД ќе и даде на Кина тоа што беше договорено, вклучувајќи и користење на американските универзитети од кинеските студенти, објави Трамп.
Американскиот министер за трговија Хауард Лутник кажа дека договорот ќе стапи во сила откако ќе го ратифицираат двајцата претседатели. Новата рунда преговори уследи откако Трамп и Шји телефонски разговараа минатата недела.
Кина беше најтешко погодена од новите царини што ги воведе Трамп за речиси целиот свет и во еден момент достигнаа до 145%. Во меѓувреме тие беа намалени на 30%, додека Кина ги намали царините за увозот од САД на 10%, пренесуваат медиумите во светот.