Економија
ВО ЕВРОПА РАСТЕ СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ, ВО ДАНСКА ЌЕ СЕ ОДИ НА 74 ГОДИНИ...
09.06.2025
Очекуваниот животен век и бројот на години поминати во пензија се зголемуваат низ цела Европа, па затоа многу земји ја зголемуваат возраста за пензионирање. Данска веќе одлучи заминувањето во пензија да се зголеми на 70 години до 2040 година. Неколку други европски земји, исто така, донесоа закон за зголемување на границата во наредните години. Според ОЕЦД, Данска ќе го предводи патот до 2060 година, со очекувана возраст за пензионирање од 74 години.
Просечната возраст за пензионирање во ЕУ е 64,7 години за мажи и 63,8 години за жени.
Еуроњуз ги истражуваше возрасните ограничувања и идните трендови во Европа, врз основа на извештајот на ОЕЦД „Пензиите на прв поглед“.
До 2022 година, законската возраст за пензионирање во ЕУ беше помеѓу 62 и 67 години за мажи и помеѓу 60 и 67 години за жени. Турција се издвојува како голем исклучок, со возрасни ограничувања од само 49 години за жени и 52 години за мажи.
Нордиските земји имаат највисоки старосни ограничувања. Данска, Норвешка и Исланд имаат највисока возраст за пензионирање, која е 67 години за двата пола. Старосната граница е исто така над 65 години во неколку други земји, вклучувајќи ги Холандија (66,6), Велика Британија и Ирска (и двете 66), Германија (65,8) и Португалија (65,6).
Други земји со старосна граница од 65 години се Австрија, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Швајцарија, Белгија, Италија, Шпанија и Кипар.
Меѓу петте најголеми европски економии, Франција има најниска граница (64,8). Сепак, според Извештајот за стареење од 2024 година, француските граѓани можат да се пензионираат кога ќе ја достигнат минималната возраст од 62 години за лицата родени пред 1960 година и 64 години за оние родени во 1968 година или подоцна.
Се предвидува дека Данска ќе има највисока граница до 2060 година односно 74 години за двата пола.
Во Италија и Естонија пензионирањето ќе биде со 71, во Холандија, Шведска и Кипар со 70.
Финска и Словачка ќе достигнат 69 години, а Португалија 68.
Пет земји - вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Белгија, Норвешка и Исланд - ќе го задржат ограничувањето од 67. Во Ирска и Грција ќе се зголеми периодот за пензионирање на 66 години старост, пренесува Еуроњуз.
фото freepic