Бизнис

Индустрија што може повеќе: Време е игрите на среќа да добијат нова улога

Интервју со Илија Илијевски, генерален менаџер на спортските обложувалници Евротип

05.06.2025г

Игрите на среќа се отсекогаш актуелна тема во нашето општество па и пошироко. Годинава се навршуваат 10 години од постоењето на спортските обложувалници Евротип, па по тој повод би сакале одблизу и отворено да продискутираме на тоа што значи да се биде во оваа индустрија.



На почеток би сакале да добиеме едно Ваше размислување како вовед во делот на она како гледате на индустријата на игри на среќа од аспект на човек кој тоа долги години секојдневно го работи.

Во годините што доаѓаат, индустријата на игри на среќа ќе мора да одговори на едно јасно прашање:

Дали сакаме да бидеме дел од проблемот – или дел од решението?

Како човек кој со години го гради својот професионален и личен идентитет во оваа индустрија, верувам дека игрите на среќа не се нужно нешто негативно. Но, исто така знам дека нивниот потенцијал — и добриот и лошиот — е огромен. Затоа мораме да зборуваме гласно: за одговорноста, за моќта на влијание и за новата улога што оваа индустрија може да ја има во општеството, како и пред се за општествената одговорност.