Економија
КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА СЕРИЈАТА НА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ВО ГЕРМАНСКИТЕ МАРКЕТИ?
03.06.2025
Супермаркетите, дисконтите и трговците на мало во Германија објавија дека ќе ги намалат цените за многу прехранбени производи. На листата на производи со намалени цени се наоѓаат претежно сопствените брендови.
Германскиот „Билд“ објави список на производи со попуст во некои од нивните продавници. На списокот на артиклите со пониски цени се наоѓаат: месо, млечни производи, средства за чистење и детергенти. Новиот „ценовник“ на овие производи се применува веднаш. Падот на цените на суровините и пониските трошоци за енергија се причина за сегашниот бран попусти во големите трговски фирми објавија германските медиуми.
За споредба со цените во Хрватска, весникот Пословни дневник ги објави новите цените за некои производи во Германија. Така, цената на тегличка краставички од 670 г се намалува од 1,49 евра на 1,29 евра, бело сирење во солена вода, од различни брендови и големини се намалуваат од 7,49 евра на 7,29 евра
Цената на детергент класик се намалува 10,95 евра 9,95 евра, додека јогуртот во пакување 4×150 се намалува од 0,99 евра 0,89 евра.