Економија

ОЕЦД СО НАМАЛЕНА ПРОЕКЦИЈА ЗА ГЛОБАЛНИОТ РАСТ

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), ја намали проекцијата за глобалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2025 година од 3,1% на 2,9%, при што проценката е направена врз основа на состојбата со царинските стапки во средината на мај, пренесува ДПА.

И прогнозата за 2026 година е ревидирана надолу од 3% на 2,9%.

Растечките трошоци за трговија – особено во земјите кои воведуваат нови царини – веројатно ќе ја зголемат инфлацијата, иако тоа делумно може да се ублажи преку пониски цени на суровините, се вели во извештајот.

САД ќе забележат успорување на БДП на 1,6% во 2025, по растот од 2,8% минатата година.

Во Германија се очекува раст од само 0,4% годинава. 


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано