Економија

ВО САД СЕ ОДОБРЕНИ НОВИ РУДАРСКИ ПРОЕКТИ ЗА РЕТКИ МЕТАЛИ

09.05.2025

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го забрза процесот на издавање дозволи за 10 нови рударски проекти низ САД, давајќи им таканаречен статус FAST-41, што овозможува побрзи и потранспарентни процедури за одобрување.

Овој потег е дел од поширока стратегија за зголемување на домашното производство на клучни суровини како што се литиум, бакар, антимон и ретки земни елементи, кои се клучни за националната безбедност, производството, чистата енергија и индустријата за батерии.

На листата се наоѓаат, како што објави Ројтерс, проектите на реномирани компании за експлоатација на антимон и злато на компанијата во Ајдахо, рудникот за бакар во Аризона во сопственост на компанијата, проектот за сребро и бакар на компанијата  во Монтана, како и проширувањето на рудникот за литиум на компанијата во Невада.

Одобреми се нови проекти  во Арканзас, Алабама и Аризона.

Белата куќа истакнува дека забрзувањето на дозволите не значи заобиколување на правилата, туку поефикасна и поодговорна администрација, пренесува Еуроњуз.  


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано