Бизнис

МИНИМАЛНАТА РАБОТНА СААТНИНА СЕ ЗГОЛЕМУВА ВО ГЕРМАНИЈА ВО 2026 ГОДИНА

12.03.2025

Вредноста на минималната работна саатнина во Германија ќе се зголеми од 12,83 евра на 15 евра во 2026 година, според одлуката на новата влада. Тоа е зголемување од 17 проценти, односно од  минимална саатнина  од 12,83 евра (2.205 евра бруто), на нова минимална саатнина од 15 евра (2.580 евра бруто). Нето приходот со стариот работен час е 1.590 евра, додека со новиот е 1.808 евра.

- Зголемувањето на минималната саатнина звучи добро. Но, вистината е дека само половина од тоа стигнува до работниците, вели Рајнер Холзнагел, претседателот на Здружението на даночни обврзници.

Ова главно се должи на стапката на данок на доход, вели Холзнагел за германските медиуми. Последиците од поскапувањето на вредноста на работниот час за компаниите и за работодавачите се уште поголеми. Со новата минимална саатнина (15 евра) месечните трошоците на работодавачот за работникот ќе се зголемат за 457 евра по вработен, пренесува „Блиц“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО