Финансии / Банкарство
ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ВО БУЏЕТОТ СЕ ВРАТЕНИ НАД 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, Индонезија со успешна антикорупциска акција
01.02.2025
Со откривањето на случаите на корупција владата во Индонезија успешно вратила во државната 401 милион американски долари, објави Буди Гунаван, министерот за политички и безбедносни прашања на Индонезија.
Според Гунаван, овој успех е постигнат во рок од три месеци по преземањето на функцијата на сегашниот премиер Прабово Субианто.
- Овој резултат ја покажува цврстата посветеност на владата во борбата против корупцијата за да се осигура дека државните ресурси ќе им бидат вратени на граѓаните, рече Гунаван.
Тој објасни дека враќањето на државните средства е можно благодарение на откривањето на неколку случаи на корупција откриени од Координативното тело за спречување на корупцијата и подобрување на управувањето, тело формирано од неговото министерство.
Во борбата против корупцијата, Гунаван се потпира и на работата на Антикорупциската комисија (АКК) и полицискиот оддел за спречување на корупцијата, кој ги спроведува своите активности во синергија со другите агенции за спроведување на законот, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic