Бизнис
Учеството на неформалната вработеност се зголемува!
09.12.2025
Бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0,4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6,7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62,4 %, а жени 37,6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0,5 %. Од вкупниот број вработени, 57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 100 619, што е за 2,5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48,8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.7 % во секторот Градежништво, објави Државниот завод за статистика.
Главни поенти
- Активно население: 796 930 лица
- Вработени: 705 165 лица
- Невработени: 91 765 лица
- Стапка на активност: 52,5
- Стапка на вработеност: 46,5
- Стапка на невработеност: 11,5
Фото Економија и бизнис