Бизнис

РАБОТНИЦИТЕ ОД БиХ НЕ СЕ ЗАИНТЕРEСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА!

27.01.2025

Невработените лица во Босна и Херцеговина најголемо интересирање за работа во странство покажуваат за Словенија, за што посредуваат и од Агенцијата за вработување во БиХ.

Агенцијата продолжува да посредува при вработување на оние кадри кои се вишок на барањата на домашниот пазар на трудот, а  целта  е граѓаните  во БиХ да бидат заштитени при заминувањето на работа во странство, а посредувањето да биде законско и регулирана.

Бројот на вработени во Словенија во првите 10 месеци од 2024 година е приближно на исто ниво како и претходната година, со околу 5.500 потпишани договори, додека бројот на издадени работни дозволи во Словенија е 11.365, што одговара на состојбата во 2023 година.

-  Поголем број издадени работни дозволи од склучените договори значи дека имаме повеќе продолжени дозволи, што пак значи дека тоа се наши луѓе кои се подолго време во Словенија. Во Словенија најмногу се бараат возачите и работниците во градежништвото секторот - заварувачи, градежни работници, армирачи ..., информираат од Агенцијата за вработување во БиХ.

За  Германија има тренд на намалување при посредувањето за вработување,  така што до крајот на ноември Агенцијата посредувала за вработување на 218 лица. Во Германија најмногу се бараат медицински лица за нега на болни и стари лица.  

- Причината за помалиот број на медијации во Германија е помалиот интерес на граѓаните поради инфлацијата, особено високите трoшоци за сместување, велат од Агенцијата за вработување, пренесува Б92.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО