Финансии / Банкарство

ГЕРМАНЦИТЕ НА ТЕКОВНИТЕ СМЕТКИ ДРЖАТ ПО ЕДНА ПРОСЕЧНА ПЛАТА

11.01.2025

Луѓето на возраст од 16 до 24 години во Германија имале во просек по 1.400 евра на нивната тековна сметка, додека луѓето на возраст од 25 до 34 години имале 2.200 евра, покажува истражувањето на Дојче банк од 2023 година.

Салдото на сметката за лица на возраст од 35 до 44 години изнесувало 2.600 евра, а за лица на возраст од 45 до 54 години 3.300 евра, објавија германските медиуми.

Во групата од 55 до 64 години салдото било 3.100 евра, а за над 75 години е  4.200 евра, пренесува магазинот Феникс.

Утврдените просечни вредности не даваат  информации за имотот на поединецот, бидејќи многумина имаат средства само на тековната сметка за итни случаи и дополнителни заштеди  или штедна сметка. Други ги инвестираат своите заштеди во акции или други средства.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано