Бизнис
ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА ВО ОКТОМВРИ НАД 840 ЕВРА
25.12.2024
Просечната плата без даноци и придонеси или нето плата за октомври во Србија изнесува 98.538 динари (842 евра) , додека медијалната просечната нето плата за октомври 76.895 динари (657 евра), објави денеска Заводот за статистика на Република Србија (СРС).
Бруто заработката за октомври изнесува 136.173 динари.
Растот на бруто-платите во периодот јануари-октомври 2024 година во однос на истиот период лани номинално изнесува 14,4 отсто или реално 9,3 отсто, пренесува РТВ.
фото freepic