Економија
ГЛАВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2025 ГОДИНА
25.12.2024
Германија се соочува со бројни предизвици во 2025 година, кои произлегуваат од стагнацијата на економскиот раст, фискалната несигурност, геополитичките ризици, високитете трошоци на енергијата и слабеење на автомобилскиот сектор. Германија следната година ќе има најслаб раст меѓу развиените земји. „Еуроњуз“ направи преглед на пет главни предизвици за германската економија во следната година:
Економска стагнација и трајна неефикасност
Од 2019 година германската економија речиси и да нема постигнато позабележителен раст. Проекциите за 2025 година се раст на БДП од 0,3 отсто. Бундесбанка предвидува уште поскромен раст од 0,3 отсто, додека Институтот во Кил предвидува целосна стагнација на раст од нула отсто! Основната причина за економската стагнација е комбинација на фактори од слабиот извоз, слабоста на приватната потрошувачка и опаѓачките инвестиции.
Декарбонизацијата, дигитализацијата и демографските промени вршат дополнителен притисок на потенцијалниот раст.
Избори и фискална несигурност
Инвеститорите ги следат информациите дали новата влада на Германија ќе го искористи значајниот фискален капацитет за поттикнување на растот. Од централната банка на Германија ја нагласија дека „фискалната политика ќе биде рестриктивна следните две години“.
Губење на конкурентноста на автомобилската индустрија
Автомобилскиот сектор е клучнот сектор на германската економија продолжува да ја губи глобалната конкурентност. Извозот на германските автомобили е отежнат со високите трошоци за енергија и неизвесноста на трговската политика.
Растечките трошоци за енергија и инфлационите притисоци
Индустриското производство во секторите кои интензивно трошат енергија се намали за 10-15 отсто поради повисоките трошоци за струја и гас.
Инфлацијата во 2025 година и натаму ќе биде висока со споредба со нивото пред пандемијата.
Геополитичките ризици и трговските тензии и протекционизмот
фото freepic