Финансии / Банкарство

ЕВРОЗОНАТА СЕ БЛИЖИ КОН ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНОТО ЕВРО!

22.12.2024

Плаќањето во готово може да го изгуби статусот како главен начин на плаќање во еврозоната, која е меѓу најконзервативните делови во светот  кога станува збор за порастот на електронските плаќања, покажуваат најновите податоци на Европската централна банка.

Во студијата на ЕЦБ, која се изработува на секои две години, се покажува дека плаќањето во готово учествува со 52 отсто од трансакциите, што е намалување од 59 отсто во 2022 година. Пред осум години учеството на плаќањето во кеш било околу 79 отсто од трансакциите.

Плаќањето со картички во последните две години се зголемило од 34 на 39 отсто, а плаќањата со мобилно банкарство пораснало на шест отсто од вкупните трансакции.

Ваквиот тренд ги засили аргументите во ЕЦБ за воведување на дигитално евро, пренесува „Бизнис.ба“.  


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО