Вести

Земјотрес со јачина од 7 степени во близина на Калифорнија, издаден аларм за цунами

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди морската област во близина на северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители, а најголем град во областа е Санта Роса, каде живеат околу 180.000 луѓе, објави МИА.

Националниот центар за предупредување на цунами соопшти дека е издаден аларм за цунами на деловите од брегот на Калифорнија и Орегон.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано