Lifestyle

КОИ ПИЈАЛОЦИ ГИ НАРАЧУВААТ БОГАТИТЕ И БИЗНИСМЕНИТЕ? - специјалните пијалоци како статусен симбол

17.08.2024

Коктел со изразен вкус на алкохол е еден од главните пијалоци, кои го преферираат поимотните лица, кои сакаат да го истакнат својот статусен симбол. Иако, цената на коктелите во светот е во постојан пораст, нарачувањето на мартини од 40 долари, е пијалокот кој со задоволство го консумираат богаташите, пишува „Бизнис инсајдер“, кој направи истражувања за навиките на богатите и деловните луѓе.

Во најновите трендови на есклузивни пијалоци влегуваат старомодниoт мартини и пијалоците со  вкус на алкохол и овошни мириси.

Секако, неизбежни пијалоци за богатите потрошувачи се вискито и текилата, но од полуксузните брендови на овие пијалоци.

Исто така, и еспресо мартини го задржа својот статус како  коктел за богатите купувачи. Омилени стануваат и класичните коктели со луксузни додатоци, како што се маслинки прелиени со сино сирење. Некои од гостите нарачуваат и кавијар. Во последно време стануваат барани и пијалоците со квалитетни состојки од локално потекло, пренесува „Бизнис лаив“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО