Минатиот месец Земјата го доживеа вториот најтопол месец и втор најтопол јули во историјата, со глобални просечни температури кои биле малку под температурата од јули 2023 година. Со ова продолжи низата од 13 месеци на рекордни температури за секој поединечен месец.
Според податоците на Сервисот за климатски промени на Европската Унија (C3S), просечната глобална површинска температура за јули 2024 година беше под 16,91 Целзиусов степен.
Просечната температура минатиот месец беше само 0,04 степени пониска од јули 2023 година, кој и понатаму е најтоплиот јули и најтополиот месец досега.
Земјата доживеа два најтопли денови во историјата на 22 и 23 јули со глобална просечна температура кои достигнале 17,16°C i 17,15°C.
Според C3S, глобалните температури во просек биле 1,64°C над прединдустрискиот просек во изминатите 12 месеци (од август 2023 до јули 2024 година). И C3S и Светската метеоролошка организација (WMO) потврдија дека 2023 година била најтоплата година досега, пренесува „Форбс.рс“.
фото freepic