Општество
КРЕИРАЊЕ НА БИОМЕТРИСКИ ПРОФИЛИ НА ПАТНИЦИТЕ, ОТПЕЧАТОЦИ ОД ПРСТ, ФОТОГРАФИРАЊЕ, кои се новите правила за граѓаните од трети земји за влез во ЕУ
10.08.2024
Поради промената на глобалната безбедноста состојба и зголемениот прилив на мигранти, Европската Унија донесе нови правила кои се однесуваат за влез и излез од просторот на Шенген, а кои се однесуваат на граѓаните од другите земји кои не се членки на Унијата.
Од мај следната година, новите правила на ЕУ внесуваат значајни промени за сите патници кои влегуваат во Шенген просторот. Тие се содржани во три групи на промени: Закон за границите на Шенген, Влез-излез систем (ЕЕЅ) и системот ETIAS.
Законот за шенгенските граници го регулира управувањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ, а најглавната новина се однесува во случај големи здравствени кризи, ЕУ може да воведе привремено ограничување на патувањата за државјаните од трети земји.
Воведување на Системот на патнички информации и авторизација ETIAS е електронски систем дизајниран за следење и авторизација на патувањата на граѓаните од трети земји од кои не се бараат визи за влез во Шенген просторот. Ова значи, дека граѓаните од трети земји на кои не им е потребна виза за влез, мораат однапред да го регистрираат својот престој со онлајн пријава и да платат надомест од осум евра. Оваа дозвола за влез овозможува повеќе влегувања во ЕУ во текот на три години или до истекот на важноста на пасошот. Повеќето пријави ќе бидат обработени во рок од неколку минути, а најдоцна за 96 часа.
Патниците ќе мораат да одговорат на многу прашања за личниот идентитте и професија, целта на патувањето, но и прашања од безбедносен карактер.
Системот EES (Entry/Exit System) се воведува со цел за унапредување на контролата на надворешните граници на Шенген зоната и на елиминирање на печатените пасошите. При преминување на границите, патниците ќе користат автоматизирани пунктови каде ќе се скенираат нивните отпечатоци на прстите, а ќе бидат и фотографирани. Овие податоци ќе се користат за креирање на биометриски профили на сите патници кои влегуваат во ЕУ. Граничните службеници ќе ги проверуваат податоците внесени во системот и ќе одлучуваат дали ќе се дозволи влез на патникот. Имплементацијата на ЕЕЅ системот треба да биде воведен во октомври годинава, објави „Сеебиз“.
фото freepic