Економија
ОАЕ планираат изградба на втора нуклеарна електрана
17.07.2024
Властите во Обединетите Арапски Емирати ја разгледуваат опцијата за распишување на тендер за изградба на втора нуклеарна електрана во земјата. Проектот би можел да привлече тендерски понуди од Кина, Русија, САД и други земји, а вредноста на проектот би изнесувал десетина милијарди долари, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на претставникот на ОАЕ во Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Владата во ОАЕ предвидува дека во следната деценија ќе дојде до значително зголемување на потребите за електрична енергија, поради растот на бројот на населението и напредокот на индустрискиот сектор.
Обединетите Арапски Емирати не планираат да применуваат технологија за збогатување на ураниумот и ќе продолжат со набавка на гориво за нуклеарните електрани на меѓународниот пазар.
фото freepic