Општество

Премиерот Рама предупредува на компјутерска измама со лажни пораки од јавни личности!

23.06.2024

Компјутерска измама е направена во Албанија каде граѓани се оштетени од лажни пораки наводно упатени, претходно од институции, а сега и од познати јавни личности.

Премиерот Еди Рама преку реакција на социјалната мрежа „Икс“ ги повикува граѓаните кои добиле пораки на име на јавни личности однапред да ја проверат автентичноста на испраќачот, за да ја избегнат замката на оваа криминална игра.

Рама пишува дека државната полиција приведе и изведе пред лицето на правдата дел од овие измамници, кои успеале да земат пари од граѓани.

-Измамата со компјутери кои имитираат телефонски броеви за да испраќаат лажни пораки погоди неколку луѓе до денес. Државната полиција приведе и изведе пред лицето на правдата дел од овие измамници, кои успеале да земат пари од жртвите, наведува Рама.

Тој  испрати порака со предупредување до граѓаните да бидат многу внимателни.

Според медиумите, оваа виртуелна шема долго време се користи не само во име на разни институции, туку сега и на познати јавни личности, каде што има случаи на манипулации со праќање пораки како да тоа го прават политичари.


Извор МИА

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано