Општество
Европа е соочена со подемот на екстремната десница
Ивор Мицковски | Авторот е политиколог
Економија и бизнис | печатено издание | 15 јуни 2024г.
Каков и да биде исходот на претстојните европски избори, екстремно десничарските партии покажуваат запрепастувачка сила во анкетите во земјите низ Европската Унија. Предвидениот бран на екстремната десница во европските држави може да влијае на областите каде што се дебатира за азилот и за миграцијата, како и за климатската политика.
Со тоа европското политичко сценарио полека се американизира. Без разлика каков ќе биде конечниот биланс, екстремните десничарски партии во Стразбур ќе станат неизбежни. Тоа не значи дека екстремната десница ќе стане мнозинска сила, но дефинитивно ќе се обидат да ги здружат силите како што и Виктор Орбан и Марин ле Пен веќе повикаа. Ако успеат во тоа, тогаш би станале втора сила во европарламентот, веднаш зад Европската народна партија, а и да останат како трета или четврта сила, тогаш ќе продолжат да се наметнуваат како алтернатива на левите или на десните сили кои ја доминираа европската политика во последниве 80 години.
Целиот текст можете да го прочитате во печатеното издание на Економија и бизнис кое можете да го најдете во трафика или во сите поголеми маркети (Веро, Рамстор, Тинекс...)
Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.