Економија
Бугарија има најнизок БДП по жител во ЕУ
19.06.2024
Бугарија има најнизок бруто домашен производ по глава на жител или 36 отсто под просекот на Европската Унија, потоа е Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто). Од земјите членки на ЕУ највисок БДП по глава на жител има Луксембург, објави Европската статистичка служба Евростат. Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).
Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ, а тоа се: Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.
Меѓу земјите кандидати за членство, Турција има највисок БДП по глава на жител, 27 отсто помал од просекот на ЕУ, а по неа е Црна Гора (48 отсто под просекот).
Во Македонија, БДП по жител е за 59 отсто помал од просекот на ЕУ, а во Албанија и Босна и Херцеговина за 65 отсто.
Во Србија БДП по жител е 54 отсто и разликата во однос на просекот на ЕУ постепено се намалува од 2013 година, кога изнесуваше 59 проценти, пренесе „Данас“.
фото freepic